20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Нови 15,5 милиони евра од ЕИБ за 66 претпријатија

Груевски: Нови 15,5 милиони евра од ЕИБ за 66 претпријатија

gruevsk

Во втората половина на јули се очекува да пристигнат првите 15,5 милиони евра од четвртата кредитна линија од Македонската банка за поддршка на рaзвојот кои ќе бидат распределени во 66 претпријатија.

Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека се работи за првата транша од кредитот вреден 100 милиони евра кој се зема под поволни услови со каматна стапка од 5,5 проценти.

„Македонија досега повлече три вакви кредити за време на светската глобална криза и европската должничка криза во вредност од 250 милиони евра и со нив се отворија огромен број работни места, околу 15 илјади. Оваа кредитна линија во изминатите години овозможи Македонија да биде една од државите која со најмалку штети ја помина европската криза. Споредено со другите држави во Европа, падовите во економијата беа најмали, а растот најголем. Беа преземени многу мерки за да се дојде до тоа, меѓутоа една од клучните беше токму оваа мерка„, изјави Груевски по промоцијата на лабораторија на ФИНКИ при Природно-математичкиот факултет.

Кредитната линија е наменета за мали и средни претпријатија кои сакаат да инвестираат во опрема или во обвртни средства. Рокот на враќање за набавка на опрема е осум години со грејс период од една година, а за обртни средства три години со грејс период од шест месеци.

До крајот на годината се очекува да бидат инвестирани 40 милиони евра преку кредити, а во следната година останатите 60 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП