17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа продажба 10 парцели во новата индустриска зона во Неготино

На продажба 10 парцели во новата индустриска зона во Неготино

gradezno zemjiste negotino

Новоформираната индустриска зона во Неготино може да почне да се гради. Во тек е оглас на кој се бараат инвеститори за 10 градежни парцели на кои ќе можат да се градат индустриски објекти и стоваришта.

Според објавата на Министерството за транспорт и врски, преку електронско јавно наддавање на продажба се нудат 10 локации државно градежно неизградено земјиште на 10-те локации со намена за објекти од лесна индустрија и стоваришта со површини од 4.300 до 18.315 метри квадратни, со процент на изграденост 70 проценти.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 28 овој месец на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Наддавањето за сите парцели ќе се одржи на 31-ви јули во девет часот.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица и правни лица – државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија и домашни правни лица, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија, се наведува во објавата на Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП