25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФизибилити студија за развој на зимски туризам во Македонска Каменица

Физибилити студија за развој на зимски туризам во Македонска Каменица

makedonska-kamenica333

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) со седиште во Штип ја изработува физибилити студијата за можностите за развој на зимскиот туризам во Општина Македонска Каменица на Осоговските Планини.

Директорката на Центарот за развој Драгица Здравева вели дека студијата се изготвува со пари од фондовите на ЕУ преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија. Таа вели дека првичните анализи од студијата покажуваат дека на овој дел од Осоговските Планини има одлични услови за развој на зимскиот туризам.

„Податоците покажуваат дека се работи за одлични, прекрасни терени на кои можат да се направат ски патеки и каде што навистина има огромен потенцијал на зимскиот туризам и се надеваме дека оваа студија ќе го покаже тоа, но паралелно со тоа од студијата треба да произлезат и одредени идејни проекти“, вели Здравева.

Таа истакна дека во тек е и реализацијата на проектот за безжичен интернет за селата во Македонска Каменица. Проект кој се реализира, исто така, преку фондовите од ЕУ, а се вклучени неколку земји од Унијата меѓу кои и Македонија.

„Нашиот координатор на проектот е на семинар во Грција, каде што се разгледуваат моделите за јавно-приватно партнерство за проектот безжичен интернет за селата во Македонска Каменица. Навистина соработката со Советот и градоначалникот е одлична, сите проекти се реализираат непречено“, вели Здравева.

Општина Македонска Каменица треба да ја обезбеди инфраструктурата по што ќе се одлучи и на кој начин ќе се реализира јавното приватно партнерство за проектот безжичен интернет за риралните средини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП