19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимание: Мувлата на намирниците фатална по животот

Внимание: Мувлата на намирниците фатална по животот

muvlsan-portokal

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.

Постојат илјада видови на мувла, а некои видови произведуваат и микротоксини – хемикалии кои можат да предизвикаат бројни невролошки проблеми, па дури и смрт.

На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.

Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.

Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.

Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП