23 април, 2024
ПочетнаДИЕТИБанана диета

Банана диета

banana-dieta

…или Утринска банана диета

Кога пред две години во Јапонија беше промовирана Утринска банана диетата за многу кратко време станала толку популарна што предизвикала и промени на национално ниво – имено, се појавил недостаток на банани.

Самата диета ја осмислил Хитоши Ватанабле кој се занимавал со проучување на превентивната медицина и неговата жена Сумико фармацевт по занимање.

 

Утринска банана – основни поставки

Основна поставка на „пронаоѓачот “ на оваа диета е дека појадокот кој содржи единствено банани и обична вода на собна температура може да придонесе за намалување на килограмите без оглед што јадете во остатокот на денот.

Како што гледате, оваа диета е многу едноставна и лесна за следење а многу Јапонци ја потврдиле нејзината успешност: имено, кај голем број дошло до значително намалување на тежината при експерементирање со оваа диета.

Одговорот,з ошто оваа диета така добро „работи“ е можеби во фактот што бананите го подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизамот. Другата можност лежи во видот на скроб кои го поседуваат бананите а кој има понизок гликемички индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглехидрати.

Никој со сигурност не е кажал зошто водата мора да биде на собна температура но постојат повеќе теории од кои најзастепена е онаа дека водата на оваа температура го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.

На лицата кои сакаат да ја практикуваат оваа диета им се препорачува вечерниот оброк да биде пред 20:00 часот навечер и да ги избегнуваат слатките после вечерата. Во случај на глад поприфатливо е да се земе парче овошје.

И последно правило кај оваа диета е на спиење да се заминува пред полноќ. За ова правило речиси и да не треба објаснување затоа што и научните студии ја покажале поврзаноста меѓу доцното одење во кревет и дебелината.

Секако, ако сакате во потполност да ја испочитувате оваа диета треба да се држите и до правилото да јадете само онолку колку што ви е доволно, односно да не се прејадувате. Јапонците имаат создадено и принцип да се јаде додека не се достигнат 80 проценти ситост (ова е навистина тешко да се одреди).

Забранети намирници се: млечните производи и алкохолот. Од напитоците тука е само водата на собна температура. А бананите мора да бидат свежи а не печени, варени или заледени.

 

Пример на мени:

Појадок

– Една или повеќе банани (количина за да се почувствува ситост)

– Чаша вода (собна температура)

Ручек

– Оброк по избор

Попладневна ужина

– Малку слатки грицкалки се дозволени околу 15 часот во случај на глад

Вечера

– Оброк по избор кој мора да биде конзумиран пред 20 часот.

– Без десерт

najlesno-se-slabee-so-banana-dieta

Препораки за вежбање

Не постојат посебни препораки за вежбање односно можете да вежбате ако сакате но не морате.

 

Зошто да се практикува оваа диета

– Редовното појадување може да го подобри метаболизмот и намали прејадувањето подоцна во текот на денот.

– Избегнување на кафето за појадок може да доведе до стабилизирање на нивото на гликоза и намалување на апетитот.

– Избегнување на оброци после 20 часот ја намалува тенденцијата на ноќно грицкање (обично храна богата со калории).

– Избегнување на млечните производи и десерти ја намалува количината на калории така што се ограничува внесот на масти и шеќери.

– Бананите се намирници богати со влакна, витамини Б6 и Ц како и калиум.

– Го обесхрабрува прејадувањето.

 

Зошто да НЕ се практикува оваа диета

– Некои лица (главно оние кои страдаат од хипогликемија) може лошо да реагираат на чистите јаглехидрати за појадок.

– Недисциплинираните може да конумираат повеќе калории во преостанатите оброци – за ручек или вечера (за да го надоместат пропуштеното).

– Не го охрабрува вежбањето.

– Не вклучува психолошки фактори кои се „вплетени“ речиси во секоја диета.

 

Заклучок

Ако се одлучите за оваа диета и постигнете добар резултат – тоа не е резултат на некое магично дејство на бананите во согорување на маснотиите. Многу е поверајтно дека губитокот на килограми е поврзан со следењето на горе спомнатите правила од кои се најважни: Јадење во одредено време од денот и избегнување десерти.

Оваа диета дефинитивно дава резултати се додека другите оброци бидат „нормални“ за вашите потреби – односно додека не почнете да се прејадувате за време на другите два оброка.

Ако доста од Јапонците пробале и успеале ( тие всушност се „највитката“ нација – имаат само 5 проценти дебели лица и се пред Французите кои се на второ место со 12 проценти)… не гледаме ниту една причина зошто не би ја испробале оваа диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП