23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Славчо Јорданов - сопственик на прехранбена индустрија КИМ Неготино

Интервју со Славчо Јорданов – сопственик на прехранбена индустрија КИМ Неготино

SlavcoJordanov-naslov

1. КИМ Неготино прослави јубилеј 15 години, и е пример за успешна македонска бизнис приказна. Која е тајната?

Пред се во посветеноста на сопствениците, мотивираноста на вработените, на високите стандарди на работење, и на самиот факт дека производите се произведуваат по софистицирана технологија од најквалитетните македонски овошја и зеленчук. Ние сме семејна компанија која континуирано инвестира во унапредувањето на своето работење, која ги следи трендовите и потребите на потрошувачите и го реализираме својот развоен план. Самиот факт дека огромен број на потрошувачи ни ја дадоа својата доверба, бара од нас да бидеме одговорен субјект  кој треба да има фер и партнерски односи со потрошувачите и да пласира здрави и безбедни производи.

2. Вашата компанија остварува континуиран раст на извозот на што се должи тој тренд?

Причината за ова е во одржување и постојано подобрување на високиот квалитетот и пристапните цени. Се надеваме дека нашата извозна експанзија нема да остане само на земјите од регионот, конкретно имаме пробен извоз на џемови и мармалади за Германија,и искрено се надеваме дека во иднина ќе можеме да се пофалиме со производ со додадена вредност кој ќе биде присутен и баран на ЕУ пазарот. Имаме производни можности и квалитетна суровина, и дополнително со помош од врвни странски експерти ќе продолжиме да го подобруваме квалитетот на нашите производи.

kim-negotinos-slika2

3. Кој е најбараниот производ на КИМ Неготино?

Дефинитивно тоа се КИМ кечапот, сокот од домати, како и кечапот без конзерванси и посниот мајонез. Тоа се нашите хит производи, чиј успех се должи на нивниот автентичен традиционален вкус и константно добар квалитет, поради што се одлично прифатени уште од првиот ден на продажба, па до ден денес.

SlavcoJordanov

4. Неоспорен факт  е дека голем процент од македонските семејства ги консумираат вашите производи, а вашето портфолио и не е така мало. На што се должи тоа?

Македонските потрошувачи не се наивни, напротив тие имаат најистенчен вкус во регионот и знаат да одберат квалитет. Ние и понатаму ќе се трудиме да понудиме фер цена за врвен квалитет, и нашите производи да бидат достапни  за секого и секаде. Производите се произведуваат по софистицирана технологија од најквалитетните македонски овошја и зеленчук. Компанијата ги поседува сите највисоки сертификатиHACCP иISOстандарди за квалитет, производите поминуваат низ повеќе нивоа на контрола, за да на крај како финални производи завршат на местото на продажба.

Свесни сме дека лојалноста претставува и лична одговорност кон потрошувачите и затоа постојано се трудиме да ги задржиме.

kim-negotinos-slika1

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП