23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Нема намалување на каматните стапки

ЕЦБ: Нема намалување на каматните стапки

mario2

Шефот на Европската централна бaнка (ЕЦБ), ги потенцираше ризиците кои ги носат ниските каматни стапки во подолг временски период.

Притоа сигнализирајќи дека тие нема да бидат дополнително намалени, со цел да се поддржи економскиот раст.

„Се разбира дека ЕЦБ е свесна за предизвиците поврзани со долгото спроведување на политиките со ниски каматни стапки“, изјави Марио Драги една недела откако банката одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниско ниво од 0,75 проценти.

Тој потсети дека ниските каматни стапки во долг временски период можат да нанесат штета на приносите на штедачите и инвеститорите, како и дека постои можност од создавање на балон на пазарите за недвижнини.

Каматните стапки, шефот на ЕЦБ ги оцени како стимулативни, затоа аналитичарите предвидуваат мали шанси за нивно дополнително намалување. Драги го повтори ставот на ЕЦБ за курсот на еврото на девизните пазари, оценувајќи дека изјавите за валутната војна се претерани и чести.

Коментирајќи ја состојбата на економијата Драги истакна дека „во 2013 година навлеговме во постабилно финансиско опкружување во споредба со претходните години“. За втората половина од 2013 година, Драги проценува постепено закрепнување.

Тој признава дека мерките за штедење во многу земји го пригушија растот, но тој ја нагласи потребата за намалување на буџетскиот дефицит, особено во земјите со големи долгови.

Тој, исто така, повика на соодветно проектирање на фискалната консолидација, која ќе се базира на намалувањето на трошоците, наместо на зголемување на даноците, кои во еврозоната веќе се многу високи, изјави Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП