28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрос станува „Крал“

Крос станува „Крал“

marka kros

Халфот на Баерн Минхен и германската репрезентација Тони Крос сигурно ќе премине во Реал Мадрид, тврди весникот „Marca“ во денешниот број.

Изданието на насловната страница ја објави веста дека двата клуба се договориле за трансферната сума и ќе го прогласат официјално договорот по крајот на светското првенство.

Реал ќе плати 25 милиони евра за Крос, кој одби да го обнови договорот со Баварците. Самиот фудбалер ќе потпише 5-годишен договор со европскиот клупски шампион.

„Тони нема договор ниту со Реал, ниту со друг клуб. Во моментов тој се концентрира само на настапите на Германија на Светското првенство“, изјави пред неколку дена агентот на Крос Фолкер Шрут.

Во Шпанија сепак се сигурни дека Германецот веќе може да се смета за сигурно ново засилување на „кралевите“.

Минатата сезона Крос одигра 29 натпревари и постигна 2 гола во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП