28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА ја запира продажбата на пиво на Мундијалот

СП 2014: ФИФА ја запира продажбата на пиво на Мундијалот

pivo sp

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке изјави дека се разгледува опцијата да се забрани продажбата на алкохол за време на натпреварите од Мундијалот во Бразил.

Шефот изјави дека е сериозно загрижен од големиот број пијани навивачи кои ги има на стадионите за време на натпреварите од Светското.

„Загрижени сме за навивачите. Алкохолот може да доведе до зголемување на насилството, а тоа е сериозен проблем. Многу е тешко да им се каже на навивачите дека треба да испијат само по едно пиво. На претходните првенства тоа не било проблем. Може да ја забраниме продажбата и да ја затегнеме контролата на влезовите на стадионите“, навести Валке.

Во досегашниот дел од првенството на стадионите во Бразил беа забележани неколку помали проблеми со алкохолизираните навивачи, а поголем инцидент се случи за време на средбата Хрватска-Мексико кога дојде до физичка пресметка меѓу двете групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП