28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Хауард постави рекорд за најмногу одбрани на Светско

СП 2014: Хауард постави рекорд за најмногу одбрани на Светско

tim hauard0

Голманот на САД, Тим Хауард влезе во фудбалската историја, откако направи невидени 16 одбрани во 1/8-финалето од СП 2014 против Белгија. Ова е рекорд за една средба на Мундијалите, откако е воведен системот за статистика во 1966-та година.

Со исклучителни интервенции Хауард ја спаси својата мрежа во редовните 90 минути, но во продолженијата Белгија стигна до успехот со 2:1. Интересно е што „црвените ѓаволи“ успеаа да упатат 38 удари во рамките на голот, а голманот на САД одбрани половина од нив. За жал,  два од нив завршија во мрежата на Хауард и тие беа доволни американците да не се пласираат во следната фаза.

„Тоа нема суштинско значење за мене. Само си ја вршам работата. Откако сме изгубиле, каква е разликата дали сум направил 20 одбрани или ниту една“, коментира 35-годишниот голман, кој заслужено беше избран за играч на натпреварот.

Хауард неодамна најави дека планира да замине во пензија кога ќе му истече договорот со Евертон во 2018-та година, но се уште не е јасно дали ќе настапи на Светското првенство во Русија, кое ќе се одигра кусо по завршување на таа сезона. Како и да е, ако оваа вечер беше неговиот проштален меч од Мундијалите, нема многу поубав начин да се збогува од националниот дрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП