20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо буџетот на општина Штип лани инкасирани 250 милиони денари

Во буџетот на општина Штип лани инкасирани 250 милиони денари

opstinastip

Буџетот на Општина Штип минатата година бил реализиран 75 проценти, покажа завршниот извештај на Општина Штип. Советниците во Комсијата за финансии и буџет при Советот на Општина Штип, нагласуваат дека се задоволни што минатата година во општинската каса се инкасирани 250 милиони денари.

Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов вели дека минатата година средства пристигнувале од продажбата на градежното земјиште, комуналии и такси.

– Околу 250 милиони денари беа на располагање на општината и за реализирање на програмите на трите јавни претпријатија. Градежната офанзива почна во Штип, а дел од планирани средства од продажба на земјиште за станбени згради и други објекти се префрлени за тековната година, вели Алексов.

Тој забележува дека средствата од буџетот годинава се искористени за голем број значјни инфраструктурни објекти, меѓу кои за патишта, реконструкции на улици, тротоари, водоводна и канализациона мрежа.

Штипскиот буџет за 2012 година е за 25 проценти зголемен во споредба со 2011 година. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП