20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Капело врати ги парите!

СП 2014: Капело врати ги парите!

kapelo pari

По неуспехот на селекцијата на Русија на Мундијалот во Бразил и многу лошиот впечаток кој го оставија избраниците на Фабио Капело, се повеќе се оние кои сметаат дека најголем виновник е селекторот.

Така по враќањето на националниот тим во Русија се огласи и еден член на партијата „Праведна Русија“, Олег Пахолков, кој од искусниот италијански стратег бара да ги врати парите кои ги доби, со оглед на тоа дека љубителите на фудбалот од репрезентацијата на Русија практично не виделе ништо во Бразил.

„Апелирам до Фабио Капело! Врати ги парите, барем половина! Доби 800 милиони рубљи за овој срамен неуспех“, порача Пахолков.

Потсетуваме, селекцијата на Русија во првата фаза на Мундијалот се натпреваруваше во Групата Х со репрезентациите на Јужна Кореја, Белгија и Алжир и го зазеде третото место со две ремија и еден пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП