25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го објави трансферот на Лалана

Ливерпул го објави трансферот на Лалана

lalana liverpul29

Официјално Адам Лалана е фудбалер на Ливерпул, пренесоа од „Енфилд“.

26-годишниот играч потпиша долгогодишен договор со „црвените“, а според британските медиуми Саутемптон ќе добие околу 25 милиони фунти.

Англискиот репрезентативец е третото ново засилување на Ливерпул по Рики Ламберт и Емре Џан.

„Толку сум возбуден од новата етапа во мојата кариера доаѓајќи во посебен клуб како Ливерпул. Едноставно немам трпение да започнам. Се надевам дека ќе успеам брзо да се адаптирам. Ќе го дадам најдоброто од себе, додека сум тука. Верувам дека можам да додадам нешто кон тимот и да можеме да освојуваме трофеи. Затоа сум тука – за успеси“, изјави среќниот Лалана.

Тој беше дел од составот на Англија на Светското првенство, но „трите лава“ отпаднаа во групите.

Лалана има 250 натпревари за Саутемптон од август 2006-та година до мај 2014-та, кои се со учинок од 58 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП