28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Светското првенство низ бројки

СП 2014: Светското првенство низ бројки

world cup brazil2

Групната фаза на Светското фудбалско првенство заврши, а тоа е одличен момент да се погледне назад на турнирот, за да се посвети внимание на некои од новите рекордни статистики.

И сепак, да не заборавиме дека станува збор само за групите – претстојат уште речиси недели и над 10 натпревари исполнети со тензија, нормално тука влегува и финалето, што ќе се одржи на 13-ти јули.

Допрва претстојат нови рекорди, но ајде да ги видиме најинтересните статистички податоци до моментов.

300 милиони…

е бројот на објавените твитови кои се поврзани со Светското првенство во фудбал според „Twitter“. За споредба, на Олимписките игри во Лондон во 2012-та година генерирани се вкупно 150 милиони твитови.

136…

е бројот на головите постигнати во групната фаза. Ова е рекорд на сите времиња.

24…

е бројот на головите кои ги реализираа резервните играчи. Ова исто така е рекорд за првенството (и не само за групната фаза).

17.185.016…

е бројот на пати во кои најмногу се ретвитувани мислења на „Twitter“ за Светското првенство во фудбал, соопштуваат од социјалната мрежа.

7…

е бројот на жолтите и црвените картони добиени од Уругвај и Брегот на Слоновата Коска – двата тима со најмногу картони на првенството. Брегот на Слоновата Коска заработи само жолти, додека Уругвај може „да се пофали“ и со еден црвен картон. Ова го прави Уругвај официјално најсанкциониран тим на Мундијалот. Во оваа бројка не влегува срамното каснување од страна на Луис Суарез.

378.085…

е бројот на твитовите во минута, испратени за време на делење на социјалната мрежа за постигнат гол – автоголот на Марсело за време на првиот натпревар од првенството, во кој играа Бразил и Хрватска. Голот на Клинт Демпси, кој доведе до резултат од 2:1 во натпреварот помеѓу САД и Португалија, се рангираше на второто место со 304.603 твитови во минута.

55,5…

е просечниот број минути во кои топката била во игра во текот на 90-минутен натпревар. Тоа е значително помалку од податоците од првенството во Јужна Африка, кога топката беше во игра просечно по 69,8 минути. Изгледа жештината и влажноста во Бразил се одразуваат на играчите.

2071…

е бројот кој е во сопственост на Италија, топ-тимот според пасови во првенството. Ова сепак не беше доволно за да го задржи тимот на теренот и тој си отиде дома за време на групната фаза.

6,02 милиoна…

се твитовите во кои е употребен хаштагот # USA. Тоа е и еден од најчесто користените хаштагови на националност во рамките на првенството досега. Бразил е втора на листата со околу 2 милиони хаштага.

15…

е просечниот број минути на игра меѓу головите, а е сопственост на Холанѓанецот Лерој Фер, што го прави најефективниот голгетер во првенството.

61…

е бројот на прекршоци извршени против Грција. Ова е најфаулиран тим на СП 2014.

23,61 милји (38 км)…

е растојанието што Мајкл Бредли од САД е истрча по теренот. Оваа растојание е многу повеќе од било кој друг играч на турнирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП