20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБугарското Oбвинителство ќе препорача одземање на лиценцата на „ЧЕЗ“

Бугарското Oбвинителство ќе препорача одземање на лиценцата на „ЧЕЗ“

s1_chez

Бугарското Обвинителство ќе предложи престанок на важноста на лиценцата за работа на тамошната електродистрибутивна компанија, која е во сопственост на чешкиот „ЧЕЗ“, пренесоа медиумите во Чешка.

Претходно беше најавено дека бугарските власти покренале контрола во „ЧЕЗ” за утврдување на неправилности во работата на компанијата. „ЧЕЗ“ негираше дека имало неправилности во работата и ја критикува политизацијата на целиот проблем, јави дописникот на МИА од Прага.

Во Бугарија, во последните неколку дена не престануваат демонстрациите на неколку илјади луѓе кои излегоа на улиците поради високите цени на струјата. За финансиската кризна ситуација ги обвинија странските дистрибутери и кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Во Бугарија, „ЧЕЗ” работи од 2005 година, кога за 360 милиони евра го купи мнозинскиот пакет акции во три дистрибутивни компании, кои ги спои во една. Една година подоцна стана сопственик на централата на јаглен во Варна, а минатата година ја пушти во работа и соларната електрана Орешец.

На Чешката енергетска групација во јануари и беше одземена лиценцата за дистрибуција на енергија во Албанија. „ЧЕЗ” во странство инвестира од 2005 година и работи во Романија, Полска, Турција, Словачка и Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП