29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусите задоволно ги тријат рацете: Од небо им падна богатство 40 пати...

Русите задоволно ги тријат рацете: Од небо им падна богатство 40 пати повредно од златото

rusi1

Русите беа во центарот на вниманието на сите медиуми овие денови.

Причината за ова е, се разбира, метеорот кој експлодираше над оваа држава на 15 февруари.

Метеорот направи хаос, внесе паника, но на Русите им донесе можност за богатство.

Во Русија завладеа „метеорска треска“ – многумина тргнаа во лов на деловите од метеорот,  метеоритите, од кои се надеваат дека ќе заработат голема сума на пари. Во оваа потрага по метеоритите се приклучија 20.000 луѓе.

„Тешко е да се утврди цената… но таа зависи од парчето кое ќе го пронајдеме, колку поголема ќе биде неговата тежина, толку повеќе пари ќе заработиме“, изјави Димитри Качкалин, член на руското аматерско здружение на љубителите на метеорити.

Според груби проценки, еден грам метеорит вреди околу 2.200 долари, што е за 40 пати повеќе од моменталната вредност на златото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП