24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСостанок на Македонско-унгарската комисија за економска соработка

Состанок на Македонско-унгарската комисија за економска соработка

hungaryparlament1

Министерот за економија Ваљон Сарачини ја предводи македонската делегација на меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, чија прва седница ќе се одржи денес и утре во Будимпешта.

Комисијата ќе заседава во рамки на четирите работни групи и тоа за развој на бизнис, соработка со мали и средни претпријатија и трговија, за енергетика, за земјоделство и индустрија и за туризам.

Во рамки на оваа прва седница на Комисијата, се очекува да бидат потпишани неколку договори за соработка меѓу двете земји.

Делегацијата на Унгарија ја предводи Петер Сијарто, државен секретар за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот, а воедно и претседател на унгарскиот дел на Комисијата.

За време на престојот во Будимпешта, министерот за економија Сарачини ќе има средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Меѓувладината унгарско-македонска Мешовита комисија е формирана согласно Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Унгарија склучен на 12 мај 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП