25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Диего Коста - човекот кој погрешно одбра!

СП 2014: Диего Коста – човекот кој погрешно одбра!

diego kosta brazil

Приказната за Диего Коста е една од најинтересните на 20-тото Светско фудбалско првенсто.

Пред стартот на Мундијалот во Бразил, напаѓачот на Атлетико можеше да одбере дали сака да игра за Бразил, државата во која е роден, или за Шпанија каде се стекна со фудбалската слава.

dk brazil

Тој ја одбра Шпанија и згреши. Веќе по две кола бранителот на титулата испадна, а 25-годишниот Коста не направи ништо освен симулација за пенал против Холандија. На двете средби еден од најдобрите напаѓачи во светот остана без удар во рамките на голот!

Од друга страна, Бразил со Коста би бил многу поголем фаворит за освојување на Светското првенство, поради тоа што токму позицијата напаѓач, која моментално ја покрива Фред, е најголемиот проблем на селекторот Луис Фелипе Сколари.

dk brazil1

Не е ни чудо што Коста беше „мета“ на бразилските навивачи на дуелите со Холндија и Чиле. Тие го навредуваа и исвиркуваа секој пат кога ќе ја допреше топката.

Погрешниот избор на Коста беше инспирација за многумина кои се шегуваа на друштвените мрежи за неговиот избор.

dk brazil2

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП