28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Двократниот стрелец Суарез ги сонувал головите против Англија

СП 2014: Двократниот стрелец Суарез ги сонувал головите против Англија

uru

Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез на најдобар можен начин се врати во репрезентацијата. Откако го пропушти дуелот од првото коло со Костарика со два гола против Англија донесе важна победа за својата репрезентација.

„Ги сонував овие голови. Многу страдавме, но најважно е дека сега победивме. Но, во следното коло сме пред сериозен предизвик, ќе играме против Италија и тоа ќе биде истотака тежок натпревар. За сите кои не критикуваа, не видоа сега како изгледаме. Десетина минути пред вториот гол имав грчеви, но не сакав да го напуштам натпреварот. Благодарност до физотерапевтот, да не беше тој немаше да играм на Мундијалот“, по победата изјави Суарез.

Во последното коло од групата Д, Уругвај на 24.јуни игра против Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП