19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи бара 70 милиони за Игуаин

Наполи бара 70 милиони за Игуаин

gonzalo ig

Екипата на Барселона сака да го доведе Гонзало Игуаин од Наполи, но претседателот на италијанскиот клуб Аурелио де Лаурентис најверојатно за него бара 70 милиони евра.

„Каталонците“ сакаат да направат арегентински тандем во нападот, па поради тоа се подготвени на „Камп Ноу“ да го доведат поренешниот играч на Реал Мадрид, но најверојатно за него нудат 55 милиони евра.

Игауин минатото лето пристигна во Наполи од Мадрид за 40 милиони евра и со 17 погодоци во Серија А го водеше тимот до место во Лигата на шампионите, а го освои и домашниот Куп.

Де Лаурентис најверојатно му нуди на Аргентинецот нов договор во кој ќе има откупна клаузула од 70 милиони евра, но „каталонците“ се надеваат на неговото пријателство со Меси и соработката во репрезентацијата на Аргентина.

Интересно, двата клуба на 6-ти август ќе одиграат пријателска средба во Женева, па до тогаш можеби и ќе постигнат договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП