20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Топџиите“ подготвија 27 милиони фунти за Супер Марио

„Топџиите“ подготвија 27 милиони фунти за Супер Марио

mario baloteli arsenal

Менаџерот на Арсенал не се откажува од намерата да доведе на „Емирати“ врвен напаѓач, а главна цел му е Марио Балотели.

Лондонскиот тим најверојатно е подготвен на Милан да му плати за Балотели 27 милиони фунти, а на напаѓачот да му понудат неделна плата од 180.000 фунти.

Претходните неколку денови медиумите во Англија и Италија објавуваа дека Французинот е во преговори со Милан и дека конкретизирање на разговорите се очекуваат во наредните недели.

Темпераментниот Италијанец има само 23 години, а минатата сезона даде 18 гола на 41 натпревар.

Балотели веќе играше во Премиерлигата за Манчестер Сити, но главно внимание привлекуваше со инцидентите на и вон теренот.

Тој сега е една од главните ѕвезди на Италија на Мундијалот, каде во првото коло им пресуди токму на Англичаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП