25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Шпанија елиминирана, Хрватска останува во игра за осминафиналето

СП 2014: Шпанија елиминирана, Хрватска останува во игра за осминафиналето

nnb

Бранителот на титулата Шпанија по само два одиграни натпревара доживеа елиминација на Мундијалот во Бразил, откако синоќа беше поразена од Чиле со 2:0.

За разлика од шпанските фудбалери, репрезентацијата на Хрватска ноќеска го совлада Камерун и остана во комбинација за пласман во осминафиналната фаза.

Чилеанците на „црвената фурија“ и го нанесоа вториот пораз во групата Б со головите на Едуардо Варгас во 20.минута и Чарлс Арангуис во 43.минута.

Ова не е прв случај актуелниот светски првак да биде елиминиран уште во групната фаза.

Тоа се има случено и на Мундијалите во 1950 кога елиминирана беше Италија, во 1966 Бразил, во 2002 Франција и во 2010 Италија.

Во Б групата водат Холандија и Чиле со по две победи, Австралија и Шпанија се без освоен бод.

Комплетирано е и второто коло во А групата.

Хрватска со убедливата победа над Камерун од 4:0 е во ситуација со победа во последното коло над Мексико да оди понатаму. Головите за „коцкестите“ ги постигнаа Ивица Олиќ, Иван Перишиќ и два гола Марио Манџукиќ.

Во оваа група Бразил и Мексико имаат по 4 бода, Хрватска 3, Камерун е без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП