25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Еве зошто Apple е подобар од конкуренцијата“

„Еве зошто Apple е подобар од конкуренцијата“

tim1

Тим Кук вели дека спецификацијата на мобилните уреди, како што се силните процесори и големите екрани воопшто не се важни – важно е фантастичното искуство кое ви го овозможува „Apple“.

Извршниот директор на „Apple“ Тим Кук, според карактерот многу се разликува од Стив Џобс. Стив Џобс на своите настапи страсно ги опишуваше моделите на „Apple“ и ја напаѓаше конкуренцијата, а Тим Кук е мирна личност која не ја напаѓа конкуренцијата на начин на кој тоа го правеше неговиот претходник.

Меѓутоа, говорејќи на конференцијата која беше одржана минатата недела во Сан Франциско, Кук ја нападна конкуренцијата на мобилниот пазар, првенствено „Samsung“, велејќи дека на „Apple“ не му е важна спецификацијата со која денес многу компании се фалат, туку дека единствено нешто што им е важно е искуството кое му го обезбедуваат на корисникот на нивниот уред.

Се повеќе компании ги претставуваат своите нови уреди со перфектни перформанси, а Кук тврди дека овие бројки за него воопшто не се важни. Тој смета дека повеќето луѓе не ни знаат што всушност се наоѓа позади екранот од мобилниот телефон, но свесни се дека сакаат незаборавно искуство, а тоа им го овозможува единствено моделот на „Apple“.

Според Кук, со моќни спецификации и големина на уредот се фалат само оние компании кои не можат да создадат паметни телефони и таблети кои на корисниците ќе им обзбедат „совршено искуство“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП