23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбјавен конкурс за програмата за стимулирање бизнис на Телеком Словенија

Објавен конкурс за програмата за стимулирање бизнис на Телеком Словенија

telekomslo

Телеком Словеније објавува нов, втор повик за апликации во „ТSstartup business accelerator“ програма за стимулирање на бизниси. По успешнтаа имплементација на првата генерација проекти од оваа програма, Телеком Словеније сега нуди можност за соработка со развојните програмери дома и во странство.

Сите компании, тимови и програмери – поединци кои работат на развивање интернет, мобилни и телекомуникациски услуги и бараат можност успешно да ја презентираат нивната идеја или решение, можат да се пријават на вториот конкурс најдоцна до 8 март 2013 година, преку интернет порталот www.tsstartup.si. Aпликациите ќе ги избере стручна комисија, а избраните тимови ќе ја почнат порограмата на 18 март 2013 година. Оние што ќе бидат избрани за учество во програмата, ќе се натпреваруваат за парична награда во вкупен износ од 30.000 евра.

Телеком Словеније ја претстави оваа програма минатата година во септември, кога го објави првиот повик. Во првиот круг се привија вкупно 78 тимови, а  комисијата на конкурсот одбра 11 тима. По 4 месеци интензивна работа, единаесетте финалисти ги презентираа своите проекти, а првата награда ја поделија два тима кои развија апликација за пренесување на фотографии помеѓу паметни телефони и компјутери и  апликација Пеекстер, која функционира како врска помеѓу печатените медиуми и интернет содржината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП