20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИХормонска диета

Хормонска диета

hormonskadietajd9p83yrt

Оваа диета спаѓа во групата на диети кои не само што помагаат во губење на килограми туку и позитивно влијаат на здравствената состојба на целиот организам.

Хормонската диета ја направил Мајкл Азис, кој 8 години се занимавал со научно истражувачка дејност пред да ја направи и опише оваа диета во книгата со наслов и поднаслов – „Диета на совршени 10 или 10 клучни хормони кои ја кријат тајната на брзото губење на килограми и помагаат одлично да се чуствувате“….инспиративно зар не?

Самата книга ни носи важна порака дека популарните диети во кои има малку (или ни малку) масти и јаглехидрати ги вознемируваат хормоните и дека едноставно не се соодветни за одржување на тежината на подолг временски период. Др.Азис ни укажува на драматична промена и балансирање на хормоните со помош на одредена храна.

Др.Азис вели дека најновите медицински истражувања покажале дека хормоните се клуч во губењето на килограмите и дека нивното доведување до оптимално ниво доаѓа до значително зголемување на енергијата, губиток на тежината и подобрување не само на физичкото, туку и на психичкото здравје. Најновите истражувања покажале дека со примена на оваа диета се губи околу 7 килограми за 3 недели без чуство за глад, а исто така доаѓа до процес на подмладување така да доколку се решите за оваа диета – можете да изгледате помлади.

 

Хормонска диета – основи

Др.Азис во својата книга наведува 10 „величенствени“ хормони и нивната улога во организмот и како секој поединечно влијае на губењето на килограмите и на целокупното здравје. Потоа следи интересниот дел каде објаснува како храната која ја конзумираме влијае на хормоналниот баланс и наведува кои нутритиви се неопходни за организмот да да го доведе нивото на хормоните на оптимално ниво. Според него вистинската причина за дебелеење лежи во рафинираните хидрати а не во мастите и затоа хормонската диета ги исфрлува од исхраната:

– рафинираниот шеќер како и производите кои го содржат

– процесирана храна и

– храна со префикс „диетално“

 

Пожелна храна е:

– јајца

– полномасни сирења

– морски плодови

– животинско месо

– интегрални житарици

– овошје со низок гликемичен индекс

– големи количини на зеленчук

 

Самата хормонска диета има три фази:

Фаза 1

Иницијална фаза за брзо губење на килограмите.Оваа фаза трае три недели и опфаќа конзумирање на намирници со малку јаглехидрати и потполно елиминирање на житарици и алкохол.

Фаза 2

Трае се додека не се постигне саканата тежина а се конзумираат горе наведените намирници (пожелна та храна) и тука дозволени се мали количини на интегрални житарки и мали количини на алкохол

Фаза 3

Оваа фаза прераснува во животен стил и подразбира зголемена количина на житарки (интегрални) како и повремени слатки (колку да ви помине желбата).

 

Хормонска диета – Пример за еднодневно мени

Кога малку подобро ќе се види менито,  изгледа дека навистина нема место за паника дека некој ќе биде многу гладен, дозволени се варијации во пожелната храната.

Појадок:

– органски јогурт со шумски плодови

– каша од овес

Ручек:

– риба на скара

– 2 лажици варен интегрален ориз

– салата од свеж интегрален зеленчук

Ужина:

– портокал

– парче колач со ореви

Вечера:

– печени мисиркини гради

– голема салата од мешан сезонски зеленчук

 

Препораки за вежбање

Вежбањето е многу важна компонента на оваа диета и се препорачува секојдневно едночасовно шетање. Доколку сакате побрзи резултати потребно е да ги вклучите вежбите за сила, како и аеробикот со времетрање од 45 минути три пати неделно.

 

Хормонска диета – Причини зошто би требало да ја држите

– Се залага за внес на непроцесирана и органска храна

– Се залага за внес на интегрални житарици и јаглехидрати со низок гликемичен индекс

– Прави разлика помеѓу здравите и нездравите масти

– Ги разоткрива митовите за држењето на диети

– Може да го намали ризикот од појава на зголемен холестерол, срцеви заболувања, хипертензија и рак

– Може да се користи како животен стил

 

Хормонска диета – Лоши страни 

– На вегетаријанците може да им биде тешка за држење

– Кај некои лица може да потикне нереални очекувања на бројот на изгубените килограми

– Поединци може да почуствуваат малаксаност во првите денови бидејќи се намалува внесот на јаглехидрати

 

Заклучок

Иако хормонската диета и книгата во која е опишана на прв поглед личи на слични диети кај кои се намалува внесот на јаглехидрати, може да се рече дека оваа диета ни дава многу повеќе: дава единствени информации за влијалието на хормоните за губењето на килограмите, метаболизмот и здравјето. Посебно е интересен делот за влијанието на внесот на намалените јаглехидрати и пореметувањата на тироидната жлезда како и намалувања на хормонот на раст.

 

За сите кои сакаат да извлечат максимална корист од една диета (слабеење, подмладување, лекување) хормонската диета е вистински избор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП