29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВучиќ: Иднината на „Јужен поток“ не зависи од Србија

Вучиќ: Иднината на „Јужен поток“ не зависи од Србија

juzen-potok-jfklsdajg

Иднината на проектот „Јужен поток“ не зависи од Србија, туку од договорот меѓу Русија и Европската унија, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференција во Берлин.

Како што јави ИТАР-ТАСС, на прашање на новинарите дали Србија ќе продолжи со изградбата на гасоводот на српска територија, Вучиќ одговори дека иднината ќе покаже дали овој проект е реален.

Тој потенцира дека Србија се наоѓа во „специфична положба“, бидејќи рускиот „Газпром“ е сопственик на контролниот пакет акции на српската нафтена компанија НИС.

„Ние ќе се стремиме да ги заштитиме српските интереси, но тоа зависи и од интересите на Европа“, рече српскиот премиер.

Вучиќ во понеделникот изјави дека Србија не ја одложила изградбата на гасоводот „Јужен поток“, дека „засега се се одвива според планираното“ и дека само српската Влада може да донесе поинаква одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП