28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави листата на должници

УЈП ја објави листата на должници

ujp-upravajavniferg7gh

Управата за јавни приходи на својата веб страница http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/157 ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се имињата на физички лица и самостојни вршители на дејност на кои вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, како и на правни лица со долгови над 300.000 денари.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.

За објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз, граѓаните и фирмите можат да се обратат до Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971)

Објавувањето на листата на должници ќе се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот.

На листата нема да се најдат имињата на оние субјекти, односно на граѓани и компании кои навремено ги намириле своите своите обврски кон државата.

За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.

Од УЈП нагласуваат ваквата мерка е во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка, чија цел е зајакнување на даночната дисциплина и заштита на буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП