20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро доаѓаат проѕирните телефони?

Наскоро доаѓаат проѕирните телефони?

proz1

Тајванската компанија „Polytron Technologies“ се обидува да развие телефон со проѕирен мулти тач екран, со желба овој уред на пазарот да се појави на крајот од оваа година.

Во извештајот на медиумите кои ја пренесуваат веста се наведува дека клучот од оваа технологија се наоѓа во таканаречената „Switchable Glass“ технологија – спроводливиот „OLED“, кој користи молекули на течни кристали за да ја прикаже сликата.

Кога телефонот е исклучен овие молекули формираат заматена површина, меѓутоа, кога тие ќе се активираат со електрична енергија, овие молекули го менуваат нивниот распоред за да прикажат текст, икони или други слики.

Микрофонот, камерата и батериите се видливи, но компанијата планира да ги сокрие со темна површина кога ќе започне масовното производство на телефоните.

Во својот финален облик телефонот треба да поседува два мулти тач екрани (преден и заден), кои можат да отворат сосема нови можности за целокупниот дизајн.

Дисплејот моментално е во фаза на развој, а неговиот прототип не поседува никаков софтвер или оперативен систем.

Од компанијата се надеваат дека лансирањето на овој производ ќе биде најдоцна до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП