18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIberia во штрајк

Iberia во штрајк

iberia1

Шпанската авиокомпанија „Iberia“ е во штрајк, откажани се околу 400 летови. Работниците на оваа компанија се нездоволни од најавата на 3.800 откази и намалувањата на платите.

Пилотите, екипажот од кабината и стјуардесите од шпанската „Iberia“ одлучија оваа недела да покажат непослушност.

 

Авиокомпанијата најави масовни отпуштања поради огромните загуби од 262 милиони евра за првите девет месеци од минатата година.

Министерството за транспорт на Шпанија апелираше „Iberia“ и синдикатите да се договорат, бидејќи државата губи 10 милиони евра за секој ден од штрајкот.

 

„Работниците мораа да превземат драстични мерки за да ги задржат своите работни места. Ова е прв пат „Iberia“ да планира да отпушти 20 проценти од своите работници“, изјави Едуардо Гарција, претставник на синдикатот.

„Iberia“ веќе откажа 415 летови, но поради недостатокот на работници, се очекува оваа недела да останат приземјени 1.200 авиони.

Штрајкот ќе биде одржан три пати по пет дена, а аналитичарите наведуваат дека овој штрајк ќе ја чини „Iberia“ околу 100 милиони евра.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП