25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Европа“ ги отфла обвинувањата од „Пионир“

„Европа“ ги отфла обвинувањата од „Пионир“

evropacokoladig5r4eg4ge

Поднесената пријава, запленувањето на стоката и обвинувањата за фалсификат насочени од „Пионир“ кон „Европа“, генералната директорка на македонската компанија Савка Димитрова ги оцени како целосно неосновани и неиздржани.

Повикувајќи се на законот во Србија, потенцира дека фирмата, во случајот „Пионир“ можел да поднесе пријава за повреда на интелектуална сопственост во рок од три години од дознавање за производот и не подоцна од пет години.

Производот „Бонбон ноар“ на српскиот пазар е присутен 11 години. Првпат е увезен во 2003 година и тоа не им дава право сега да реагираат, истакна на прес-конференција Димитрова.

Според неа, надвор од какви било норми е запленувањето на стоката што се случи во Србија и оти за тоа имаат поднесено пријава преку адвокатска канцеларија. Смета дека станува збор за непрофесионално однесување на инспекциските органи, при што, како што рече, некој инспектор се ставил во служба на приватна фирма.

Бонбоната се произвоедува непроменето над 50 години, а првпат е евидентирана во каталог на „Европа“ во 1982 година. Составот на „Бонбон ноар“ и на „Негро“ е различен.

Слично е тоа што и двете се базирани на состојката лакриц, но процентот на месното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона воопшто не се исти, рече Димитрова.

Потенцира дека не очекува да направи сериозни проблеми со продажбата на овој пазар.

Според неа, материјалната штета е минорна, но многу поголема е онаа на угледот на компанијата.

„Европа“ овој производ го извезува секаде каде пласира нејзини производи, а во Србија прави извоз од 2 милиона евра што е 20 отсто од вкупниот извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП