29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова мерка за младите: поволен кредит од 7 до 23 илјади евра...

Нова мерка за младите: поволен кредит од 7 до 23 илјади евра за сопствен бизнис

D59B9B0ED14C815F11E13912E59C780E

Од 7 до 23 илјади евра кредит со каматна стапка од еден процент годишно, грејс период од 1,5 години и 5,5 години рок за отплата, можат да добијат од  државата млади лица до 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис или правни лица кои планираат да вработат млади од оваа категорија. За таа цел веќе е распишан оглас кој ќе трае до 18 јуни годинава.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се: за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 4.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра. Како новина и исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на средствата кој изнесува цели 7 години (84 месеци), односно период на отплата е 66 месеци (5,5 години) и грејс период од 18 месеци (1,5 година). Каматната стапка е 1 процент на годишно ниво, рече на денешната прес- конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Појасни дека за да добие кредит, барателот треба да учествува со 25 процентиод исносот на бараните средства, и тоа во вид на опрема, предмети и/или пари, потребна е и гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Новите мерки, рече Спасов, треба да дадат значајни резултати во намалувањето на невработеноста и отворањето на нови мали бизниси и нови работни места.

Појасни дека преку овој проект, кој се спроведува изминатиот период а е надграден за млади лица до 29 години, се основани и функционираат 2.084 фирми и мали бизниси, каде што се вработени над 3.150 лица, а преку Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) во 2013 година се вработиле над 260 лица.

Поради големиот интерес од невработените лица, Министерството за труд и социјална политика преку Агенцијата за вработување продолжува со нивното спроведување, додека, пак за младите лица до 29 години ги надградуваме овие програми и значително ги зголемуваме погодностите. Имајќи предвид дека клучен предизвик за справување со невработеноста е нејзиното намалување кај младите до 29 години, од оваа недела се воведе и Проектот за самовработување со кредитирање за млади невработени лица до 29 години, за кој во моментот е отворен оглас, рече Спасов.

Тој ги повика сите невработени лица, особено младите до 29 години, да се обратат во Центрите за вработување и да се запознаат и да ги искористат можностите што се нудат преку овие мерки. – Само со изразена проактивност, лично вложување и основање на сопствени бизниси можеме да ја сузбиваме невработеноста. Во тој процес, граѓаните ќе ја имаат максималната поддршка од министерството за труд и социјална политика преку логистика и отворена соработка, рече министерот за труд и социјална политика.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски појасни дека мерката се однесува не само на младите лица до 29 години, туку на сите невработени лица кои сакаат да основаат соспствен бизнис, а имаа проблем да набаварт средства, но под именети услови.

Тие што не припаѓаат на групата до 29-годишна возраст, имаат други основи, односно можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра. Различен е и рокот за враќање на овие средства и зависи колку средства ќе добијат. Ако добијат сума до 9 илјади евра, ќе имаат грејс период од една година и две години рок на отплата, ако добијат повеќе од 9 илјади лица ќе имаат 12 месеци грејс период и 48 месеци за враќање, рече Попоски.

Додаде дека правните субјекти кои сакаат да отворат нови работни места може да финансираме до три работни места зависно од која група невработени се однесува може да се подигнат од 3 до 4 илјади евра. Ако не припаѓаат на категоријата млади или технолошки вишок, стечај и ликвидација може да добијат средства од 3.000 евра по лице, а ако припаѓаат на овие категории по 4 илјади евра по лице.

Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат до 18 јуни во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, каде што можат да добијат и подетални информации, или, пак да се информираат на веб-страната на министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk и на Агенцијата за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk. Исто така, за поедноставно презентирање на мерките, и полесно запознавање на граѓаните со мерките, се започна и со издавање на т.н @инсертер – берза на труд” во дневниот печат, каде што се содржат подробни информации, за сите активни мерки и политики за вработување, слободни работни места и останати битни информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП