28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со интегрални житарки

Диета со интегрални житарки

zito-od-celo-zrno

Најновите истражувања извршени во САД а објавени во Списанијето за исхрана (Journal of Nutrition) го потврдуваат фактот познат од порано: конзумирањето на интегрални житарки не само што ја подобрува (односно ја намалува) вашата половина туку и значително го подобрува здравјето во целина!

Слични студии изработени се и порано а целта била да се утврди врската помеѓу диетните влакна од разни намирници и телесните маснотии кај возрасните. Заклучок е дека редовното конзумирање на барем еден оброк кој содржи интегрални житарки значително ги намалува телесните масти насобрани околу половината, а поголемата (почеста) употреба – неколку оброци на интергрални житарки дневно – доведува и до намалување на килограмите и до подобрување на здравјето. Постојат ли причини да не ја пробате следната диета која трае седум дена, а може значително да ви го подобри здравјето и да ви намали до 4.5 кг?

dijeta-integralne_zitarice

Еднонеделна диета со интегрални житарки

Диетата со интегрални житарки ги обновува и поттикнува активностите на системот за варење и го храни телото со витамини, минерали, целулоза и биоактивни супстанци. За една недела ќе изгубите 4.5 кг. Ако не сакате некоја од интегралните житарки или имате проблем да ја најдете, одберете ги најомилените и со нив заменете ги оние кои не ги сакате или не можете да ги најдете. Помеѓу оброците може да пиете минерална негазирана вода, зелен чај и свежо цедени сокови. Кога ќе ја завршите диетата, јадете помалку месо одредено време. Ако продолжите да јадете житарки (и суво грозје и кајсии) можете да ослабете 9 кг за 6 недели. Одлична пропратна појава на оваа диета е: ако имате акни или повремено ви избиваат на кожата, таа ќе се исчисти и проблемот ќе биде надминат.

Напомена: исклучете сол, шеќер и алкохол додека сте на диета

 

Ден на пченицата

Пченицата во цело зрно е богата со витамини Б1, Б2, Б3, Е, и со фолна киселина, калиум, фосфор, цинк, бакар, железо, магнезиум и диетни влакна. Помага кај дијабетесот, ја одржува нормалната телесна тежина, го намалува притисокот и нивото на холестерол.

Подгответе дневна порција: Земете 180 гр пченица во цело зрно, додадете 3/4 литри вода која врие и варете 20 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + млад кромид + житарка

Вечера: житарка + 1,25 дцл јогурт + замена за шеќер + цимет

 zito-od-celo-zrno

Ден на просото

Просот е богато со лизин, протеини и Б витамини. Не содржи глутен, алкално е и лесно се вари. Делува како диуретик, помага кај лошото варење, дијареа (процедете го просото пред варење), повраќање (направете супа од просо) и дијабетес. Одлично е за желудникот, панкреасот и бубрезите.

Подгответе дневна порција: Земете 180 гр излупено просо, додајте 3/4 литри врела вода која врие и варете 30 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарки + лук и магдонос

Вечера: житарка + замена за шеќер + 1 рендана јаболка + сок од лимун

 

Ден на овесот

Овесот е богат со витамин Е, цинк, селен, бакар, манган и магнезиум. Овесната каша е добар извор на протеини. Го редуцира лошиот холестерол и има антиканцерогени својства. Помага при опстипација, синдром на нервозно црево и хемороиди.

Подгответе дневна порција: Земете 180 гр овсени снегулки, додајте 3/4 литри врела вода која врие и варете 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарки + лук и магдонос

Вечера: житарка + замена за шеќер + 90 грама младо сирење + 1 голема лажица какао

 

Ден на интегрален ориз

Оризот е богат со витамини од групата Б, и го намалува ризикот од рак на дебелото црево, го намалува нивото на холестеролот и помага кај болести настанати поради недостаток на диетни влакна (хемороиди, дијабетес, хроничен запек и варикозни вени).

Подгответе дневна порција: земете 150 гр интегрален ориз. Додадете зовриена вода и оставете го на тивок оган 35 минути. Излупете 450 г јаболка, исецкајте на ситни парченца, додадете малку вода и варете ги на пареа 10 минути. Измешајте ориз, јаболка и сок од лимон, цимет и замена за шеќер.

Поделете на 3 порции и јадете по една порција за појадок, ручек и вечера.

itarice

Ден на јачменот

Зрната на јачменот се богати со протеини, калиум и калциум. Јачменот го јакне панкреасот, ја регулира работата на стомакот и ги јакне цревата. Исто така, ја јакне крвта, корисен е за жолчната кеса и нервите.

Подгответе дневна порција: Земете 180 гр излупен јачмен, додадете 3/4 литри зовриена вода и варете 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарки + 1 млад кромид + 1 пиперка

Вечера: житарка + замена за шеќер + 1/2 чаша сок од портокал + 2 лажици јогурт

 

Ден на хељдата

Подгответе дневна порција: земете 180 гр излупена хељда, додајте 3/4 литри зовриена вода и варете 10 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарка + зачини

Вечера: житарка + замена за шеќер + 1 чаша јогурт

 

Ден на комбинирани житарки

Подгответе дневна порција: Земете 60 гр зрна пченица, 60 гр излупена хељда и 60 гр овесни снегулки. Додадаете 3/4 литри зовриена вода и оставете ги 20 минути на тивок оган.

Појадок: житарка + замена за шеќер + 1 дцл топло млеко

Ручек: 1 шоља чорба од зеленчук + житарка + лук + 3 лажици сос од домати (загрејте се заедно)

Вечера: житарка + замена за шеќер + сок од лимон + цимет + 1 рендано јаболко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП