25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДајнерс Клуб Македонија ја претстави апликацијата DinersClubMK

Дајнерс Клуб Македонија ја претстави апликацијата DinersClubMK

Дајнерс Клуб Македонија, во салонот во трговскиот центар Скопје Сити Мол ја промовираше бесплатната апликација, изработена за „iOS“ уреди (iPhone, iPad и iPod touch) – „DinersClubMK“. Оваа апликација е прва апликациja од ваков тип во нашата земја изработена за финансиска институција, a втора на светско ниво на DCI.

Со оваа апликација на корисниците им се овозможува брз и едноставен пристап до сите новости, следење на промоции, секојдневни попусти и понуди на денот од продажни места. Апликацијата нуди можност за пребарување на банкомати, трговски центри или продажни места по категории, градови и оддалеченост, и со помош на геолокациските услуги на корисникот му ја посочува најблиската локација.

За корисниците кои постојано патуваат низ светот, „DinersClubMK“ обезбедува листа на повеќе од 450 аеродромски салони со детални податоци за понудата на секој салон. Сите корисници на Дајнерс картички имаат можност да се регистрираат  на „My Diners“ за проверка на моментална состојба на сметката, сите трансакции за период, уплати за период и трошоци за следната сметка.

Апликацијата нуди многу информации за сите нејзини корисници, со неограничен пристап без оглед дали станува збор за корисници на Дајнерс клуб картичка, апликацијата е особено корисна и за оние кои се заинтересирани за картичка и нуди можност за директно аплицирање преку „DinersClubMK“. Апликацијата е достапна на англиски, македонски и албански јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП