29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle отвора свои продавници

Google отвора свои продавници

googlestore

До крајот на годината, Google треба да започне со отворање на свои малопродажни објекти, во кои ќе се нудат неговите производи, како што се таблети и смартфони.

Потенцијалните купувачи на тој начин ќе бидат во можност да ги испробаат производите на Google пред да одлучат да ги купат.

Меѓутоа, главната причина за овој потег веројатно е нешто друго, односно паметните очила кои ги покажуваат Андроид известувањата – Google glass.

Поточно, се очекува дека тој уред ќе има многу висока цена, земајќи ја во предвид цената на прототипот Explorer edition, кој чини 1500 долари по нарачка. Се претпоставува дека уредот ќе чини помеѓу 500 и 1.000 долари.

Затоа, многу е важно да им се овозможи на потенцијалните клиенти да ја испробаат опремата, а за да им ги претстави Google очилата на корисниците со отворање на свои продавници, е многу логички потег.

Google обично има свои “продавница во продавница” (во рамките на синџирите BestBuy и Dickson), во кои има вработени чија главна задача е да ги информираат клиентите за производите на Google, додека финансиските трансакции и испораката на уредите одат преку Best Buy I Dickson.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП