16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманците го бојкотираат Amazon

Германците го бојкотираат Amazon

amazon

Ниски плати, сиромашно домување – се наводно работните услови на сезонските работници во Германија, кои работат за големата малопродажна компанија – Amazon.

Од таа причина, корисниците на социјалните мрежи преземале акција за бојкот на Amazon.

Amazon е американска трговска компанија, која се занимава со продажба на производи преку интернет. Логистички центри, во кои се врши пакување и подготовка за испраќање на нарачаната роба, има и во Германија. Репортери од телевизија од сојузната држава Хесен, снимиле репортажа за условите во кои вработените работат во Amazon. Таканаречени позајмени работници, кои Amazon на одредено време ги позајмува од некоја друга компанија, до своето работно место мораат да патуваат неколку часа. По шест-седум луѓе живеат заедно во мали бунгалови, а договорите за работа ги добиваат по пристигнувањето во Германија.

На почетокот на работниците им се ветува вработување во Amazon, но по нивното пристигнување обично им се нудат договори од други компании кои потоа практично Amazon ги позајмува нивните работници. Вработувањето во овие фирми автоматски значи и помалку пари. Работниците, наводно, работат и до 15 часа на ден, и постојано се под надзор од страна на чувари. Amazon особено во пресрет на божиќните празници, вработува илјадници сезонски работници од цела Европа.

Норберт Фалтин добро го познава начинот на работење на Amazon. Тој работи во логистичкиот центар во Кобленц, активен е во синдикатот, и е портпарол на кој вработените му се обраќаат. Исто така, тој за себе вели дека е “100 процентен Амазонец”.

Фалтин ги потврди наводите од телевизиските извештаи и објасни дека луѓето на кои работниците можат да се жалат, околу божиќните празници имаат полни раце работа. Тој смета дека случаите презентирани во извештајот се симптоматични за, како што наведува, “системот Amazon”. Такви случаи има и во многу други логистички центри во Германија. Тој, сепак, ги отфрли обвинувањата дека работниците кои се од странство, главно поради кризата во Грција и Шпанија, се работници од втора класа во Amazon.

Германските потрошувачи по објавувањето на репортажата за работните услови во Amazon, реагираа луто. На социјалните мрежи се повикаа на бојкот на овој интернет трговец.

Сепак, според Тапиа Лилер, која е експерт за односи со јавност и социјални медиуми, овој вид на изразување на лутината е еден вид на емоционален вентил.

“Многу од луѓето кои го искажуваат своето мислење се клиенти на Amazon.”

“Кога следниот Бадник ќе имаат потреба да купат за краток временски период подароци, тогаш многу луѓе повторно ќе направат нарачки преку интернет и ќе се радуваат кога пакетот ќе им биде доставен следниот ден”, рече Лилер.

Amazon најави дека ќе ги разгледа обвиненијата, меѓу другите, и оние што се однесуваат на фактот дека во редовите на безбедносните служби се наоѓаат екстремисти и хулигани.

“Компанијата не толерира било каква дискриминација или обиди за заплашување”, вели Amazon.

Фалтин смета дека работниците кои се вработени во Amazon преку фирми посредници, најдобро може да им се помогне кога би ја добиле за истата работа истата плата како постојаноите работници на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП