25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДелегација од Федерацијата на фармери во посета на Унгарија

Делегација од Федерацијата на фармери во посета на Унгарија

farmerri

Студискиот престој беше организиран во соработка со македонската амбасада во Република Унгарија. Како што соопшти Федерацијата на средбата со амбасадорот Дарко Ангелов, потенцирани се понатамошните активности кои Амбасадата и ФФРМ може да ги реализираат во насока на презентирање на македонското земјоделство и можноста за пробивање  на македонските земјоделски производи на унгарскиот пазар.

ФФРМ реализира средба со Истван Јакоб, претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи (MAGOSZ), кој е потпретседател на унгарското Собрание. На средбата, посочена е потребата од интензивирање и продлабочување на соработката меѓу MAGOSZ и ФФРМ и воопшто помеѓу македонското и унгарското земјоделство на билатерално ниво.

Истван Јакоб го пренесе искуството на формирање и трансформација на МАГОСЗ. Посебно ја нагласи потребата од пренесување на знаење на фармерите и единството кои тие треба да го имаат за да бидат успешни.

Делегацијата на ФФРМ реализира средба во  Министерството за рурален развој со  државниот секретар  Ѓула Будаи, кој се осврна за состојбите во унгарското земјоделство, досегашната соработка на ова поле помеѓу Македонија и Унгарија и можностите за продлабочување на соработката. На средбата се одржаа презентации преку кои се запознаа македонските претставници со функционирањето на унгарското земјоделство, групи производители во секторот градинарство во Унгарија, системот на финансиска поддршка на ЕУ во секторот градинарство и преработувачката индустрија во секторот градинарство во Унгарија.

Студискиот престој е реализиран од страна на Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, а поддржан од Агбиз програмата на УСАИД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП