25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликација која ги прилагодува вестите за деца

Апликација која ги прилагодува вестите за деца

deca1

Во Јапонија неодамна е развиена апликација за „паметните“ телефони која новинските статии ги прилагодува за најмладите читатели.

„Tokyo Shimbun“, еден од најбараните јапонски дневни весници, креираше апликација во соработка со маркетинг компанијата „Dentsu“, пренесува Радио Слободна Европа.

Апликацијата е наречена „AR News“. Кога „паметниот“ телефон се држи до одредена новинска статија, на него се појавува прилагодена верзија на текстот, која можат да ја читаат и деца.

„Весниците не се направени за деца. Доколку се направат достапни за децата, тоа ќе помогне во нивната едукација и подобрувањето на комуникацијата во семејството“, велат експертите од „Dentsu“.

На промотивната снимка за апликацијата може да се види дете кое со својот смартфон скенира една новинска статија.

После тоа на екранот се појавува еден цртан лик која ја објаснува статијата и предупредува на важните зборови во текстот, пренесува „BBC“.

„Тешките статии и социјалните проблеми, економија и политика можат да станат интересни теми за децата благодарение на оваа апликација. Весниците сега стануваат алатка за едукација на децата“, велат од „Dentsu“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП