25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГевгелиските туристички компании на обука во Бугарија

Гевгелиските туристички компании на обука во Бугарија

gevgelija1

Претставници од дванаесет гевгелиски компании од областа на туризмот, денеска престојуваат во бугарскиот град Гоце Делчев каде се одржува обука за квалитетот на услугата и грижата за клиентот.

Обуката е организирана како активност на проектот „Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој“ чиј што водечки партнер во рамки на програмата за прекугранична соработка е Фондацијата за локален развој од Гевгелија, а проектен партнер е организацијата „Бизнис инкубатор“ од Гоце Делчев.

Целта на обуката, што е кофинансирана од Европската унија, е да се постигне размена на искуства и да се остварат контакти со претставници од областа на туризмот во градот домаќин на обуката, Гоце Делчев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП