28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со кефир

Диета со кефир

T

Кефир диетата е една од најпопуларните диети за брзо слабеење. Која е тајната на нејзината популарност ?

Пред се, причината е кефирот: еден од најкорисните млечни производи кој се користи како превентива но и за терапевтски цели.

Правиот, домашен кефир има смирувачки ефект на циркулацијата и нервниот систем.Тој е богат со витамини и минерали, помага да се воспостави работата на цревата, го лечи телото и ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите. Покрај тоа,и схраната која се темели на користењето на кефирот помага полесно да се намалат вишокот на килограми!

Уште една посебна предност на кефирот е ниската содржина на јаглехидрати. Повеќето експерти се сложуваат дека најчеста причина за вишокот на тежина е претераниот внес на јаглехидрати. Значи, ако јадете кефир сте го решиле и овој проблем.

 

Кефир диета

 

Постојат многу верзии на кефир диетата. Сите се темелат на секојдневниот внес на кефир, но се разликуваат во бројот на додатни намирници и времето на траење.С екако и по бројот на килограми кои ќе ги намалите.

Долните диети се „тестирани“ со домашен кефир (неспоредливо подобар од купечкиот).

 

Зимска кефир диета – или диета на која како и да не сте на диета

Диетата е предвидена за 3 дена и не повеќе од тоа. Тежината која може да ја намалите со оваа диета зависи од индивидуалните карактеристики на организмот, а обично е околу 2 кг.

 

Појадок:

– Предлог 1: Кајгана од две јајца, салата од помала краставица, кафе со лажичка млеко.

– Предлог 2: Гриз/палента и кисело млеко.

– Предлог 3: Јајце, 1 тост со путер, чај со мед.

 

Ужина: 3 дцл домашен кефир

 

Ручек:

– Предлог 1: Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо(100 гр),салата од цвекло и парче леб.

– Предлог 2: Чорба од печурки, компир манџа (до 3 дцл) и салата од свежа зелка.

 

Ужина: 3 дцл домашен кефир.

 

Вечера:

– Предлог 1: Грилувана риба (150 гр),зелена салата и растителен чај.,

– Предлог 2: Поголем компир,чај со мед.

kefirg45t54

Кефир- овошна диета – одлична кратка детокс диета

Дневно треба да се пијат 1,5 – 2 литри кефир од обрано млеко и да се јаде овошје и зелнчук (може да биде и лесно термички обработено) во доволни количини за да се задоволи гладта. Со оваа диета, може да намлите 2- 3 кг за три дена.

Кефир – јаболко диета – тешка диета за подготовка на организмот за нова сезона

Кефир – јаболко диетата трае 7 дена. Во текот на оваа диета се менуваат денови со кефир и јаболка. Може да испиете 1,5 литри кефир или да изедете 1,5 кг јаболка дневно. Ова е прилично строга диета и не е препорачлива во зимскиот период туку при преоѓање од една сезона во друга….На пример пролет-лето или лето-есен. Намалувањето на килограми е значително: и до 6 кг за 7 дена.

Кефир Моно – диета

Кефир моно диетата е многу тешка но истовремено и многу ефикасна диета. Оваа диета со кефир се применува три дена, во текот на кои брзо може да намалите 3 – 4 кг.

Во текот на оваа диета треба секојдневно да пиете 1 – 1,5 литри свеж домашен кефир со намалена масленост, без додатен шеќер, и тоа 5 – 6 пати дневно: Интервалите помеѓу конзумирањето на кефир би требало да бидат исти.

Важни напомени:

Домашниот кефир кој вие сами би го направиле, има неспоредливо подобри својства од купечкиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП