29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанска комора: Влошена состојбата во металургијата

Стопанска комора: Влошена состојбата во металургијата

20111013-metalurgija-g

Металургијата се соочува со сериозни проблеми. Производството во речиси сите капацитети е дисконтинуирано, пазарните прилики не се поволни, ниту има нешто на повидок што може да даде позитивни сигнали, оценуваат од секторот.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, и извозот е едвај на ланското ниво.

Резултатите не се погубни само за гранката, туку ќе се рефлектираат врз целата економија.

Првиот квартал од годинава не е добар, остварувањето е пониско од минатата година. Ако индексот на индустриското производство во јануари-март е 103, во металургијата, кај основните метали е 96,5, а кај вадењето руди за метали 97,4, истакна Митко Кочовски,претседател на Здружението на металургијата.

Според него, металургиските претпријатија моментно се борат за континуитет во производството што ќе им ги намали трошоците и ќе им овозможи да останат конкурентни.

Актуелната состојба е последица од економската криза која особено ја погоди Западна Европа каде ние извезуваме. Да се инвестира во вакви времиња е многу тешко, а ефектите од вложувањата пред кризата сега не може да се почувствуваат, посочи Кочовски.

Дејноста е во криза, додаде, полни шест години. Од 2007-ма досега, производството е преполовено.

Постои фама во нашата политичка јавност дека металургијата е застарена индустриска гранка која припаѓа на некои минати времиња и изумира, но напротив, таа е една од носечките сегменти на светската економија, подвлече Кочовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, нагласи дека некои од капацитетите добија пролонгирани рокови, 6 до 7 месеци, за инсталирање на еколошката опрема.

На прес-конференцијата беше најавен претстојниот меѓународен металургиски конгрес што ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни во Охрид. Претседателот на Сојузот на метаурзи Свето Цветковски рече дека се очекува да бидат отворени суштински прашања и да се понудат решенија за надминување на проблемите. Во фокусот ќе биде и соработката на регионално ниво. Присуство потврдиле голем број домашни и странски експерт меѓу кои од Финска и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП