20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциски план за намалување на несреќите со земјоделската механизација

Акциски план за намалување на несреќите со земјоделската механизација

mehanizacija zemjo

Да се изготви акциска програма за намалување на незгодите предизвикани од вклучувањето на механизацијата во тековните земјоделски активности и во јавниот сообраќај, бара Здружението за земјоделска техника на Република Македонија од надлежните институции.

Според Здружението, оваа проблематика треба да биде постојано актуелна, во текот на целата година, не само кога ќе се случат какви било несреќи.

„Секогаш се преземаат површни мерки, најчесто кога ќе настане незгода или повреда. Оваа тема треба да биде актуелна постојано, 12 месеци, а не краток временски период. Затоа апелираме со акциската програма да бидат опфатени сите параметри за навремено да се преземат соодветни превентивни мерки“, констатира Здружението на последниот состанок.

Во преземањето превентивни мерки, како што соопшти, треба да се вклучат сите чинители, земјоделските здруженија и асоцијации, како и Советот за безбедност на јавниот сообраќај.

Здружението предупредува дека со оглед на интензивните земјоделски работи, во овој период се очекува голема фреквенција и раздвижување на земјоделските машини и нивното вклучување во јавниот сообраќај.

Најчести причини за незгоди при управувањето со земјоделски машини се недоволната обученост и едукација, нерегистрираните трактори, неподготвените уреди и механизми за вклучување во јавен транспорт, замор, намалено внимание, непочитување на сообраќајните правила и прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП