25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформатор

МЕПСО инвестира 2,7 милиони евра во нов енергетски автотрансформатор

trafo-1g54yt5y56y5

А.Д. МЕПСО денеска почна со инсталација на нов 400/110 киловолтен енергетски трансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 во населба Бутел. Во набавката на новиот трансформатор со номинална моќност од 300 мегаволтампери МЕПСО а.д. инвестира 2,7 милиони евра.

Според Ацо Ристески, директор на подружница Оператор на преносна мрежа а.д. МЕПСО, инвестицијата ќе овозможи во иднина да се намалат прекините при напојување електрична енергија.

Со оваа инвестиција на преносната мрежа, во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето во скопскиот регион, како најголем потрошувач на електрична енергија во Македонија, изјави Ристески.

Новиот трансформатор е со автоматска регулација на напонот, изработен специјално за потребите на преносната мрежа на МЕПСО

Автоматската регулација, првпат активирана во РМ, ќе овозможи стабилни напонски прилики. Ова е една од повеќето инвестиции во МЕПСО кои се со цел да се овозможи осовременување и подобрување на погонско-техничките прилики на преносната мрежа на РМ, рече Ристески.

Со пуштањето под напон на трансформаторот, првпат во преносната мрежа во трансформаторската станица ќе бидат во паралелна работа, два енергетски трансформатори на 400/110 киловолтно ниво со автоматска регулација на напонот.

Најзначајната квалитативна новост, појаснуваат од МЕПСО, е тоа што работата на два енергетски трансформатори во паралелен погон значајно ќе придонесе за подобрување на доверливоста, квалитетот и стабилносота на напонските прилики во скопското конзумно подрачје.

Матаријалите од кои е изработен трансформаторот се од најнова генерација, јадрото е направено од вискоквалитетен челичен лим со потребен додаок на силициум кој не старее со висока пермеабилност, ласерски обарботен со мали загуби при трансформација.

Производител на автотрансформаторот е КПТ, дел од групацијата „Сименс“.

Трансформаторот што досега функционираше во ТЦ Скопје 5 ќе биде префрлен и инсталиран и ставен под напон во ТЦ Скопје 4. Таму ќе го замени енергетскиот трансформатор што е во функција 38 години, а сега ќе се чува во резерва.

Процесот на транспорт на двата трансформатори, со вкупна маса што надминува 300 тони, го врши „Загреб транс“ специјализирана компанија за транспорт на трансформатори и други тешки товари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП