19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеуспехот не прави искусни и мудри

Неуспехот не прави искусни и мудри

Позитивениот став, трпеливоста и упорноста носат успех, но прво треба да се ослободите од стравот од неуспех, бидејќи тоа може да ви биде најкорисна и најдобра животна лекција.

Препреките во животот не треба да ги сфаќате трагично или премногу лично, бидејќи тој дел од животот не можете да го избегнете. Не смеете да допуштите некој да влијае на вашата самодоверба, и да почнете да се чувствувате помалку способни. Наместо да ве скрши, неуспехот треба да ве направи помудри и поискусни. Затоа, за да постигнете успех , многу е важно да се ослободите од стравот на евентуален неуспех, бидејќи тоа може да биде најголемата препрека во остварувањето на зацртаните цели.

Да го совладате тоа, најдобро е веднаш да тргнете во акција – најпрво со мали чекори, па потоа ќе започнете нешто посложено. Луѓето најмногу се плашат од нови искуства, бидејќи се им е непознато. Важно е претходно, темелно да го истражите тоа во кое се впуштате.

Замислете ја најлошата можна ситуација од тој обид и колку време ќе ви треба да закрепнете од тој неуспех. Тогаш ќе сфатите дека не било толку страшно, како што изгледало. Од кога ќе се ослободите од стравовите, најважно е да ги превземете правилните чекори и да не се откажувате при можните застои.

Пенкало во рака за мотивација

Запишете убаво што се би можело да ви се случи, откако ќе се ослободите од стравот и ќе се впуштите во акција. Секој пат кога ќе се чувствувате несигурно, обесхрабрено, исплашено прочитајте се што сте запишале, за да се стекнете со нова мотивација. Сетете се на досегашните успеси и запишете ги, бидејќи со тоа дополнително ќе ја зацврстите самодовербата и ќе стекнете храброст.

Не споредувајте се – подобро учете

Ако вечно се споредувате со другите, никогаш нема да бидете задоволни. Побарајте совет од колегите кој би можел да ви користи.

Симптоми на страв од неуспех

Одолговлекување на обврските, прекумерна вознемиреност и перфекционизам се симптомите на самосаботажа во остварувањето на целите.

Кажете ‘знам, сакам, можам’

Негативните изјави како “не сум доволно паметен/а за да успеам”, заменети ги со позитивни, односно постојано говорете си “знам, сакам, можам”. Само со подобрена самодоверба може да постигнете успех.

Вистинските прашања отвараат врати

После неуспехот поставете си три прашања –

1. Зошто се случи ова?

2. Како можев да го спречам?

3. Што да направам за да не се повтори?

Запомнете, неуспехот е релативен поим. Тој може да биде двигател за големи животни промени кон подобро.

Трпението е моќен сојузник

Важно е да сфатите дека за најдобрите работи во животот потребно е многу време, па затоа вооружете се со трпеливост. Пробувајте нови методи на пат кон успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП