19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини

5 намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини

11030761405372316e0663d363243937_640x480

Иако големината на порцијата е многу важна за одржување на телесната тежина, постојат намирници кои можете да ги конзумирате во неограничени количини. Не зборуваме за зелена салата, туку за вкусни грицкалки кои можете да ги грцкате колку што ви душа сака…

Пуканки

Верувале или не, пуканките се едни од најздравите и најмалку калорични грицки кои постојат. Не зборуваме за пуканки со вкус на путер или сирење, туку за класична пченка која можете да ја испечете во вашето тенџере само со неколку капки масло и малку сол. Пуканките имаат малку калории и содржат влакна кои се добри за варењето. За оние кои сакаат зачинета храна – додајте малку пиперка во прав, чили или бибер.

Чипс од кељ

Ова е најздравата замена за компировиот чипс полн со маснотии. Ова е нискокалорична грицкалка која ќе ве засити и во која можете да уживате колку што сакате. Исчистете ги листовите од кељот од стебленцата, премачкајте ги со маслиново масло и испечете ги во рерна десетина минути се додека листовите не пожолтат и не станат суви. Овој здрав чипс содржи многу малку калории, вкусен е и можете да го јадете во било кое време од денот.

Кисели краставички

pickled-cucumbers

Една шоља кисели краставички има само 16 калории. Затоа тие се идеални во било која диета и во било кој оброк од денот.

Карпачо од тиквички

Тиквичките исечете ги на тенки кругови и потопете ги во лимонов сок и оставејте ги да отстојат одредено време. Потоа додадете малку маслиново масло, сол и бибер. Тајната се крие во лимоновиот сок кој ја топи маснотијата, а самиот оброк има многу малку калории.

Бадеми, ореви и лешници

661

Една шака полна од овие грицки може моментално да ве засити, а во комбинација со сушено овошје се одлични борци против глад.

Слободно грицкајте помеѓу оброците или како замена за обилната вечера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП