20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Платете барем дел од долгот

Медведев: Платете барем дел од долгот

R

Русија е подготвена да продолжи со преговорите со Украина во врска со гасот, условите за испорака и цената, ако Киев плати барем дел од долгот за веќе испорачаниот гас, вели Дмитриј Медведев.

„Никој никогаш не кажал: Вратете четири милијарди долари веднаш, но потребно е да се покаже подготвеност за враќање на долгот. Ако платите барем дел, тоа ќе биде основа за разговори“, изјави премиерот на Русија, додавајќи дека се надева дека дел од средствата кои Украина ги прими како помош од ЕУ ќе се распределат на отплаќање на долгот кон Гаспром, пренесува агенцијата Итар тас.

Долгот на украинската енергетска компанија Нафтогас кон Москва во моментов изнесува околу 3,5 милијарди долари, а цената на гасот изнесува 485,5 долари за 1.000 кубни метри гас. Москва неодамна значително ја зголеми цената на гасот за Украина од 268,5 долари за 1.000 кубни метри гас, прво на 385,5 долари, а потоа на 485,5 долари, откако се случи спојувањето на Крим со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП