19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Азиска - Кинеска диета

ДИЕТА: Азиска – Кинеска диета

Eating-Healthy-at-Chinese-restaurants

Пред дваесетина години, кога прашањето на дебелината станало алармантен здравствен проблем, се сметало дека причини за загриженост има само населението на Западот. Меѓутоа, како времето одминувало и како што растела куповнта моќ на населението – така и азиските земји почнале да го имаат истиот проблем со кои Западот се сретнал неколку десетини години понапред. Дури и најнаселената земја на светот – Кина – доживеала епидемија на дебелеење на населението! Причините се, секако, новите навики и значителните промени во исхраната.

До скоро, дебели биле оние луѓе кои конзумирале обилни порции на храна и големи количини млечни производи но не и голем број од Кинезите кои што имале поскромни порции. Растот на економската моќ придонел да поголем дел од популацијата денес има поголеми приходи и… значително поголеми барања кога е храната во прашање – барања слични на оние поради кои западните земји се „преплавени“ со дебело население!

Сепак, Кинезите се практичари па многу брзо реагирале на новите трендови и во своите препораки посегнале кон традиционалните начини на чување на витката линија и доброто здравје.

Следуваат десет правила + мини диета која ќе ви помогне да бидете поздрави и да ја намалите тежината на кинески начин:

 

1. Јадете полека додека не бидете сити

Наместо да ја гледате калориската табела, подобро е да конзумирате намирници со висока хранлива вредност. Јадете полека, почувствувајте го вкусот на храната и престанете кога ќе почувствате дека сте сити.

 

2. Оризот не е лош јаглехидрат – јадете го слободно

Во многу денешни диети јаглехидратите се изоставени и тие речиси станаа главни причинители за претераното дебелеење…но сепак размислите малку за овој факт: Оризот од пред 30 векови бил и сеуште е главна храна на милијарди луѓе од кои повеќето се прилично слаби. Хамбургерите се присутни во исхраната околу еден век и милионите луѓе кои ги конзумираат се сметаат за прилично дебели. И сега – дали сеуште мислите дека оризот е лоша храна и „лош“ јаглехидрат?

 

3. Конги за појадок

Наутро е многу важно да се конзумира некое лесно,топло јадење. Традиционално кинеско јадење за појадок е течна каша од ориз, позната како КОНГИ. Се конзумира топла и може да биде слатка или со некој друг вкус по избор. Ако ја јадете за појадок има прочистувачки ефект и ја спречува дехидрацијата.

 

4. Порции богати со зеленчук

Ако влезете во кинеската кујна ќе најдете чинии на кои е сервирано многу повеќе зеленук отколку месо. Конзумирањето на поголеми количини зеленчук богат со антиоксиданси и помали количини варено месо ќе влијаат да се чуствувате подобро и да имате повеќе енергија.

chinesefood

5. Разновидноста е клучот

Конзумирањето на разновидна храна во мали количини е добар начин брзо да се заситите што доведува до намалување на апетитот. Исто така, кинескиот начин на внесување на сите вкусови (солено, слатко, горко, кисело и луто) во јадењата кои ги приготвуваат ја намалува желбата за слатка и масна храна со што западњаците тешко се справуваат.

 

6. Сметајте го секој оброк како посебна прилика

Наместо набрзина да купувате брза храна или нешто што ќе уфрлите во микробрановата печка, секој оброк треба да го сфатите како посебен настан кој ќе го поделите со членовите на фамилијата или пријателите.

 

7. Свежа храна за живо тело

На организмот му треба вистинска,права храна и Кинезите користат свежи сезонски намирници и ги чуваат на традиционален начин наместо да додаваат конзерванси или да ги обработуваат на некој друг начин.

 

8. Јадете храна за која знаете дека е добра за вашето здравје

Традиционалната кинеска медицина користи лековити растенија во лечење на болестите и за јакнење на имнулошкиот систем. Затоа во подготовката на јадењата се додаваат намирници кои влијаат на подобрување на здравјето како што се ѓумбир, лук, чили …и на овој начин подготвената храна е не само вкусна туку и лековита.

 

9. Зелен чај

Богат со антиоксиданси, со доста антисептични и прочистувачки својства, зелениот чај е здрав напиток. Пиењето на зелен чај во текот на денот помага да се поправи лошото варење, да се одржи хигиената на устата и спречи канцерот.

 

10. Храна на телесната температура

Према традиционалната кинеска исхрана температурата на храната треба да биде во склад со телото. Значи, заборавете на ледено ладните пијалоци или врели јадења. Храната никогаш не треба да биде премногу ладна ниту врела туку во хармонија со телото.

Healthy-Chinese-Food

А сега кинеска мини диета…

 

Ако сакате брзо да изгубите неколку килограми и го исчистите телото од токсини, еве ви мени кои е инспирација од кинеската кујна и кое не само што убаво изгледа туку и ќе ви помогне и вие убаво да изгледате: Клучот на оваа диета е да го конзумирате сето она што е на менито – значи нема остатоци или прескокнувања. Јадете колку што е наведено и немојте да ја заменувате една храна со некоја друга затоа што баш таквиот однос на намирници го забрзува метаболизамот и слабеењето.

 

Појадок

Просо варено во обрано млеко со шоља чист зелен чај и лимон. Наместо просо може да земете два тоста (два пати тостирани).

 

Предпладневна ужина

Добро измешан јогурт со било кој вид на локално овошје. Не користете банани. Ако немате време да го направите тоа изедете еден портокал или грејпфут. Уште една шоља зелен чај со лимон ќе биде доволна за предпладне.

 

Ручек

Пилешко месо и интегрален ориз со свеж зеленчук (на пареа) и печен компир. Варете го пилешкото, потоа зачинете го користејќи лимон, црвен сос и оцет. Користете варен сос од домати и малку јаболков оцет како додаток/сос за ориз (однос 2 дела ориз и еден дел од сосот ). Јадете колку ви е потребно, додека не почувствуавте ситост. За жал, не се дозволени никакви млечни додатоци со компирот. По ручекот испијте шоља зелен чај со лимон.

 

Попладневна ужина

Чаша обрано млеко или зелен чај или чај од камилица кој ќе ви помогне да се опуштите. Може да изедете еден портокал или грејпфут.

 

Вечера

Пилешки парчиња со варена брокула и мешан сезонски варен зеленчук. Значи, да се исецка пилешкото на парчиња (големина 1 цм)и да се стави на скара или малку замастена тава. Оганот треба да е јак за да пилешкото брзо се испече (треба да има лесна коричка). Зачинете со лимонов сок или малку растителен зачин. Не додавајте сол. По вечерата изедете еден грејпфут и испијте шоља растителен чај.

 

Вечерна ужина доколку сте гладни

Ако сте навечер гладни испијте билен чај или шоља обрано млеко.

 

Заклучок: Седум дена ако бидете на оваа диета таа ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од телото, ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе помогне да ослабете. Користете многу лимон при подготовка на оброците и со зелениот чај. Лимонот ќе го поправи вкусот на храната и ќе помогне масните наслаги побрзо да се топат а телото побрзо да се исчисти од токсините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП