28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 навики кои ги уништуваат вашите заби

5 навики кои ги уништуваат вашите заби

woman-flossing-close-up

Доколку мислите дека знаете се за хигиената на усната шуплина и дека правите се за вашите заби и непца да бидат здрави и блескави, ќе се изненадите кога ќе откриете дека овие секојдневни навики всушност им штетат на вашите заби. Ова се петте навики кои веднаш треба да ги промените…

1. Прегрубо четкање на забите

Иако звучи како добра работа, но претврдата четка и прегрубото четкање може трајно да ја оштети глеѓта на забите, да предизвика преосетливост и појава на кариес, но може и да предизвика повлекување на непцето.

Користете помека четка и со кружни потези четкајте ги забите барем 2 пати дневно.

2. Погрешна паста за заби

Исто како и чеката за заби, така и пастата може да биде преагресивна. Многу пасти содржат микро гранули и зрнца кои помагаат во отстранувањето на флеките, но можат трајно и да ви ги оштетат забите. Истото важи и за непцата. Затоа пронајдете паста која ви одговара по вкус, но и со текстурата, а по препорака, одберете ја таа за осетливи заби.

3. Некористење на конец за заби

Доколку помисливте дека со четка за заби можете детално да ја исчистите усната шуплина, се лажете, бидејки помеѓу забите четкичката неможе да допре. Чистењето на забите со конец може да ги спречи воспаленијата  и насобраниот камен.

4. Газирани пијалоци

Газираните пијалоци содржат киселини кои нагло ги оштетуваат забите. Затоа, избегнувајте ги со оглед на тоа што не се добри ниту за вашето здравје, ако некогаш не можете да им одолеете испијте ги со цефка, на тој начин ќе го спречите допирот со забите.

5. Храна која остава флеки

Забната глеѓ е како порцелан. Се што остава флеки на вашиот тањир, шоља, чаша…остава и на вашите заби, но трајно.

Кафето, чајот, соја сосот и црното вино, се само неколку од нив. Затоа е добро, после секое јадење, добро да ги измиете забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП