19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Кина и се заканува дефлација

На Кина и се заканува дефлација

kinajdh37

Инфлацијата во Кина остро се намали во месец април, на најниското ниво во последните 18 месеци, покажуваат официјалните податоци, со што се појави загриженост околу дефлацијата.

Индексот на потрошувачките цени, кој е клучно мерило за инфлацијата, се зголеми минатиот месец за 1,8 проценти на годишно ниво, во однос на растот од 2,4 проценти во март, соопшти кинескиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Априлската стапка е најниска од октомври 2012 година, кога таа изнесуваше 1,7 проценти, а исто така доста пониска во однос на целната инфлација од 3,5 проценти, па аналитичарите се загрижени дека би можело да дојде до дефлација во време на забавување на кинескиот економски раст.

Скромната инфлација може да ги поттикне купувачите да трошат, бидејќи ги охрабрува да купуваат пред цените да се зголемат, но економистите предупредуваат дека падот на цените ги охрабрува купувачите и да го одложат купувањето со цел да почекаат нови поевтини цени, што значително негативно ќе влијае на економскиот раст.

Кина во првите три месеци од оваа година оствари економски раст од 7,4 проценти, помал од 7,7 процентниот раст од минатиот квартал и најнизок од третиот квартал во 2012 година. Премиерот на Кина, Ли Кеченг наведе дека овогодинешната цел за растот изнесува околу 7,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП