17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивот во ЕУ: Највисоки плати во Белгија, Луксембург и Шведска

Живот во ЕУ: Највисоки плати во Белгија, Луксембург и Шведска

platieufj9834yf984

Белгија е земја која најмногу ја оданочува работата во Европската унија (ЕУ), Хрватска е некаде на средина, а најмалку се оданочува работата на Кипар, покажува истражувањето кое денес го објави економскиот институт Молинари во соработка со консултантската куќа Ернест и Јанг.

Просечната „реална стапка на данок“ на платата на работниците во ЕУ изнесува 45,27 проценти од бруто платата. Ова претставува зголемување во однос на 2013 година, кога „реалната стапка на данок“ изнесувала 45,05 проценти. „Реалната даночна стапка“ вклучува социјални придонеси, данок на доход и данок на додадена вредност.

Белгија веќе четврта година по ред е земја во ЕУ со највисока просечна стапка на оданочување. Работодавачот во Белгија треба да плати 2,31 евро, за работникот да добие 1 евро нето. Во Хрватска едно евро за работникот значи трошок од 1,67 евра за работодавачот, додека на Кипар работодавачот плаќа само 1,20 евра.

Според оваа пресметка, просечниот белгиски работник од својата годишна плата мора да работи за даноци од 1 јануари до 6 август, па дури по тој датум работи за себе.  Во Хрватска пак, еден работник за даноци работи до 13 јуни, а во Кипар до 21 март.

По Белгија, работата најмногу се оданочува во Франција, каде што за даноци буквално се работи до 28 јули, а потоа во Австрија – 25 јули, Унгарија – 16 јули, Грција – 14 јули, Германија на 11 јули, Романија на 1 јули, Италија до 30 јуни и Шведска до 23 јуни.

Најниски даноци по Кипар има во Ирска и Малта, каде што работникот работи за даноци до 28 април, по што следат Велика Британија – 12 Мај , Бугарија – 18 мај, Луксембург – 30 мај и Португалија – 6 јуни.

Во студијата се наведуваат податоци дека просечната бруто плата во Хрватска изнесува 14.014 евра годишно. Од тоа работодавецот плаќа 1.849 евра за социјални придонеси годишно, данок на доход од 1.327 евра, додека социјалните придонеси кои ги плаќа работникот изнесуваат 2.433 евра. На работникот по тие одбивања му останува нето плата од 8.405 евра годишно.

Просечната бруто плата во Белгија е  61.122  евра годишно, од кои за работникот остануваат 26.499. По Белгија, највисоки се платите во Луксембург – 58.952 евра ( 36.609 нето) и Шведска (32.769 евра нето).

Најниски бруто плати имаат Бугарите – 4.454 евра (2.975 нето) и Романците – 7.539 евра (4.116 евра нето).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП