28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Не ја игнорираме ниската инфлација

Драги: Не ја игнорираме ниската инфлација

mariodragidragi1

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, изјави дека оваа институција не ја игнорира ниската инфлација.

Драги изјави дека ЕЦБ остава отворена врата за преземање на акција веќе на јунскиот состанок.

„Монетарниот комитет е расположен наредниот пат да преземе акција, но пред тоа, сакаме да ги видиме проекциите на комитетот кои ќе се појават на почетокот на јуни“, изјави Драги на конференцијата за новинарите по одлуката на ЕЦБ да ја задржи референтната каматна стапка на историски минималното ниво од 0,25 проценти.

По обраќањето на Марио Драги, еврото падна на 1,39 долари.

Моменталната стапка на инфлација во 18-члената еврозона од 0,7 проценти е значително под целта на ЕЦБ од два проценти. Ниската инфлација им отежнува на граѓаните и владите на членките на Унијата да го намалат товарот од долговите, а исто така постои и загриженост од дефлација (пад на цените), која може да го загрози растот и да предизвика граѓаните да го одложат купувањето очекувајќи уште пониски цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП